Протест наместо полни тезги

Затворени решетки и катанец на Зелениот пазар во Скопје (ФОТО)

Затворени решетки, катанци и празни тезги е сликата што утрово ќе ве пречека на Зелениот пазар во Скопје. Наместо да продаваат, пазарџиите поставија траанспарент на кој пишува „Протест" и заминаа пред Собранието да го искажат незадоволството против Законот за трговија на зелените пазари кој стапи во сила од 1-ви јануари годинава.

Лиценцата за тезгите чини 3600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2400 денари.

За дел од нив, како што посочуваат, пазарот им е единствена егзистенција. Тие бараат да се одложи или да се повлече законот.

Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Комората задолжена за пазарџиите. 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе