Поради непочитување на здравствените мерки

Затворени кафеани, кафулиња, игротека - веселби на шанк, прослави...

Во изминатите две деноноќија затворени се пет правни субјекти, три во Скопје, од кои една игротека во која беше затечена роденденска прослава и два угостителски објектa каде беше затечена состојба спротивно од Законот за заштита на населението од заразни болести. Во истите беа затекнати голем број на гости кои не седеа по четворица на маса, послужување на пијалаци на шанк, играње и групирање спротивно на Одлуката, изјави Александра Котели од Државниот пазарен инспекторат.

Котели додаде дека е затворен еден објект во Тетово каде со асистенција со припадници на МВР била прекината свадбена прослава на која биле затечени 50 гости, како и уште два субјекти кои се нерегистрирани во Скопје и кај истите е затечено прекршување како и на Законот за заштита на населението од заразни болести, протоколите така и Законот за вршење на нерегистрирана дејност.

„Во едниот од нив е затечена музика со бенд, а кај другиот зголемен број на гости. Кај сите субјекти е постапено на начин што истите се затворени привремено и издадени се прекршочни платни налози. Постапките се во тек“, ввели Котели во изјава за МИА.

Таа појасни дека се извршени повеќе контроли на ниво на територијата на целата држава, при што се извршени шест постапувања поради прекршување на Одлуката на Владата со сите измени од јануари, како и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Преходно некои медиуми објавија дека дел од затворените објекти се стриптиз бар во селото Крушопек, угостителски објект во ТЦ „Мавровка", како и локалите „Интермецо" и „Три кичен".

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе