ДО ИДНИТЕ ПРАТЕНИЦИ

Затворање на зоолошките и гробишта за миленици дел од 13-те барања на Анима мунди

Во пресрет на Парламетарните избори со кои ќе се дефинира нова четиригодишна агенда, Здружението за заштита на животните Анима Мунди, заедно со уште неколку македонски здруженија, излегоа со свои предлози и барања за идните пратеници. Тие информираа дека се залагаат за здраво, хумано и праведно општество и ненасилен однос кон животните, затоа што според нив односот кон животните се одразува и врз односот кон луѓето.

„Следејќи ги европските тенденции и стратегии, прифатени од Советот на Европа и Светската здравствена организација (WHO) бараме да се спроведат хумани програми за решавање на проблематиката со животните“ изјавија од Анима Мунди.

Анима Мунди заедно со останатите здруженија за заштита на животните бараат да се воведе законска забрана за еутаназија (освен на неизлечливо болни единки), затоа што велат тие масовно усмртување на животни во Република Македонија се испостави како практика. Исто така тие бараат идната Влада да го унапреди Законот за заштита и благосостојба на животните, во однос на животните користени за експериментирање, фармските животни, како и да се донесе забрана за ритуалното колење.

„Согласно со европските најуспешни практики предлагаме: оданочување на оние кои продаваат миленици и кои неконтролирано ги размножуваат, оданочување на сопствениците кои купиле миленик и го чуваатнестерилизиран, а ослободување од данок за оние кои ќе вдомат миленик и привилегии за сите кои ги стерилизираат милениците. Собраните средства од оданочувањето на невдомените неојаловени миленици да бидат наменети за заштита, лекување, кастрација на бездомни животни и субвенционирање на стерилизации за сопствениците кои ќе вдомат животно“, изјавуваат од Анима Мунди.

Здруженијата за заштита на животните бараат и оформување на Служба за заштита на животните како полиција за животни која би се занимавала со едукација на населението, потоа превенција, евиденција, санкција за злоставување, занемарување и напуштање на животните.

Помеѓу барањата на Анима Мунди се и овозможување простор за погребување на домашни миленичици, најстроги санкции за криволов и забрана за дозволи на нови ловишта како и ловот да биде препознаен како бескрупулозна форма на насилство врз животните, велат од Анима, а како последно 13то барање наведено е да се започне процес на затворање на зоолошките градини во Македонија.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе