Во Градскиот парк

Затоа трчавме кон НАТО и заради големиот напори енергија успеавме, рече Шекеринска на Атлетска трка

Над 270 лица денеска учествуваа на првата здружена Атлетска трка во рамки на одбележување на 70-годишнината од НАТО, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

На трката што ја отвори Зоран Јанковиќ, шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во земјава, учествуваа и вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, евроамбасадорот Самуел Жбогар, како и претставници на воено-дипломатскиот кор акредитирани во земјава, од МО, МВР и атлетски здруженија.

Победниците на трката ќе бидат соопштени утре на церемонија во Градскиот парк.

„Денеска и симболично покажавме дека сите овие години трчавме кон нашата заедничка цел, а тоа е НАТО-членството и таа трка за жал беше потешка од денешнава, и од трите и од петте километри. Таа траеше подолго време и бараше многу напори и одрекувања“, изјави министерката Шекеринска по нејзиното пристигнување на целта.

Таа додаде дека сепак нашата држава стигна до целта. Така и најголемиот дел денеска од натпреварувачите, посочи, стигнаа до целта и покажаа дека сите сме обединети во желбата нашата земја да стане подобра, побезбедна, да стане попросперитетна.

„Затоа трчавме кон НАТО и заради големиот напор и големата енергија успеавме во оваа цел“, потенцира Шекеринска.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе