Случајот во МВР го пријавила неговата мајка

Заминал да собира печурки и исчезнал, 10 дена ни трага ни глас од 25-годишниот Димитар

Веќе втора недела како нема ни трага, ниту глас од Димитар Мицковски (26), момчето кое беше пријавено за исчезнато во МВР. Неговата мајка на 29 минатиот месец околу 15 часот во полицијата пријавила дека Димитар се оддалечил од домот и повеќе не се вратил. Од тогаш семејството ја изгубило трагата од момчето.

Апели за наоѓање на Димитар заедно со негова фотографија се споделуваат на социјалните мрежи. Во повикот на помош се вели дека момчето е исчезнато и дека последен пат кога излегол од дома, заминал да собира печурки.

„На 29.06.2020 во 15.23 часот во СВР Битола, Р.М. од с.Сопотница пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син Д.М.(26) од с.Стругово, демирхисарско“, велат од МВР. 

Полицијата трага по исчезнатото момче, а семејството и блиските апелираат ако било кој има некаква информација веднаш да пријави во најблиската Полициска станица. 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе