По пет месеци од настанот

Заменик-министерот Лазовски доби кривична пријава, ОЈО води истрага за сообраќајката

Основното јавно обвинителство Скопје води истрага за сообраќајката во која учесник беше и заменик-министерот за култура, Владимир Лазовски. Од ОЈО Скопје за МКД.мк велат дека од МВР поднеле кривична пријава до Обвинителството и дека се чека лекарската документација за повреденото лице од Градската болница „Св.Наум Охридски". Барањето било испратено, но од болницата уште не постапиле за да им бидат доставени документите за карактерот на повредите.

„За настанот за кој покажувате интерес, до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи на 10 септември, 2019 година. Веднаш е оформен предмет, кој е распореден кај надлежен јавен обвинител и се постапува во насока на утврдување на фактите. Јавниот обвинител, во рамките на предистражната постапка, достави барање за прибирање на медицинска документација за повреденото лице до Градската болница „Св.Наум Охридски". По доставеното барање се уште не е постапено", се вели во одговорот од ОЈО Скопје.

Сообраќајката во која учествуваше Лазовски се случи на 29 мај, годинава. Во сообраќајката што се случи на крстосницата кај Собранието и Градската болница „Наум Охридски" во Скопје, повреден беше моторциклист.

Автомобилот го управувал актерот Лазовски. Од фотографијата која ја објавивме по сообраќајката, се гледа дека автомобилот што го управува Лазовски врти на полна линија.

По собирање на доказите, надлежниот јавен обвинител треба да донесе одлука дали има основа за кривично гонење, а доколку доказите покажат дека има, ќе треба да се одреди и квалификацијата на кривичното дело.

„Најважно од сé е што мотоциклистот и јас сме добри. Цело време бев со него, пуштен е од болница, добро се чувствува. Јас немам повреди. Надлежните органи извршија увид и доколку се утврди моја вина ќе сносам одговорност“, напиша на Фејсбук по сообраќајката заменик-министерот за култура. 

К.Д.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе