Влада

Заев вработува уште еден советник, плата 50.000 денари

Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Македонија објави оглас за вработување на еден посебен советник за труд и социјална политика во канцеларијата на премиерот Зоран Заев. 

Вработувањето е на определено време.

Кандидатот треба да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, научно поле социјална работа и социјална политика; правни науки.

Советникот треба да биде подготвен да ги исполни и посебните услови на работното место: работа за време на неделен одмор, работа за време на празници утврдени со закон заради извршување на итни и неодложни работи.

Основна нето платата што ќе ја добива ќе изнесува 50.000 денари.

Рокот за пријавување трае до 20 ноември.

Со ова вработување бројот на советници во кабинетот на Заев би изнесувал вкупно 40.

Деталниот список преглед на советниците по име и презиме е објавен на сајтот на Владата. 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе