Заев во Кочани: Владата останува посветена на поддршката на големите проекти на општините од интерес на граѓаните

Општина Кочани на најдобар начин ја искористи финансиската поддршка на Владата за покривање на долговите што ги остави во наследство претходната локална самоуправа, констатирано е на денешната средба на премиерот Зоран Заев со градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, со претседавачот на Советот на Општината Томе Солевски и со Александар Киров, директор на Јавното претпријатие за водостопанство.

Како што соопшти владината прес-служба, заеднички е потенцирано дека тоа овозможи буџетот на Општината да биде насочен за реализација на проектите за кои граѓаните на локалните избори укажаа дека се од посебен интерес.

„Средбата се оствари непосредно по отворањето на пречистителната станица во Општина Кочани што беше поттик за разговор за идните капитални проекти од значење за Општината и за граѓаните, и за учеството на централната власт и меѓународните фондови во поддршката за реализација на овие проекти“, стои во соопштението.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе