По објавата на МКД.мк

Заев тврди дека Јанева не го барала кога полицијата била во нејзиниот дом

Премиерот Зоран Заев тврди дека не добил телефонски повик, ниту се чул со специјалната обвинителка, Катица Јанева кога полицијата пристигнала во нејзиниот дом во Гевгелија за да врши претрес. Вчера редакцијата на МКД.мк објави дека специјалната обвинителка Јанева свртела неколку телефонски броеви кога надлежните пристигнале во нејзиниот дом, а премиерот Заев се огради од ова со тврдење дека тој не зборувал со неа, ниту го побарала.

„Можам да кажам за себе дека не сум се чул со Катица Јанева. Апсолутно не е точно она што беше напишано и тоа веројатно е седење на компјутер и правење идеја за да се направи добро примамлив текст кој вчера го прочитав и јас. Можете и сами да го утврдите во постапката и може да ја прашате и Катица Јанева и поранешните дипломати. Сами видовте дека на крајот и ОЈО рече дека во нејзиниот дом е отидено и е одземен само мобилниот телефон за да се види дали комуницирала со некого и дали се работи за злоупотреба", одговори премиерот Заев на прашање за објавениот текст на МКД.мк.

Според нашите извори, додека се вршел претресот по домовите на обвинетите, Јанева успеала да се јави на поранешен дипломатски претставник во Македонија, учесник во пржинските преговори. Освен овој телефонски разговор, Јанева се слушнала и со висок претставник на македонските власти. Присутни на овој случај тврдат дека Јанева се заканила дека дел од снимките е депониран во странство.

По ова налогот бил заборавен, а официјалните информации потврдуваат дека мобилниот телефон на Катица Јанева е одземен.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе