Струмица

Заев: Струмичкиот карневал е уште еден доказ дека градиме мостови на соработка со Европа и светот (ФОТО)

Ја правиме голема оваа манифестација којашто оваа година е меѓу 7-те најатрактивни зимски настани во Европа и на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот, рече синоќа премиерот Зоран Заев на приемот организиран од градоначалникот на општина Стумица, во чест на Струмички карневал 2018.

 

Заев  се заблагодари, за присуството на Струмичкиот карневал на претседателот на Интернационалниот борд на директори на Европската федерација на карневалски градови, на членовите на бордот, на претставниците на Владата, на локалните самоуправи, на претставниците на збратимените градови, на карневалските групи од земјава и светот: Аруба, Германија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија Албанија, на претставниците на дипломатскиот кор во земјава, на членовите на Советот на општина Струмица и на струмичкиот градоначалник.

„Овој наш Карневал претставува мост на соработка помеѓу нас и евроските градови и пошироко во светот, а претставува и доказ дека градиме мостови на соработка преку културата и традицијата со сите градови“,  рече Заев.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе