ПОСЕТА НА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО ТЕТОВСКО ПОРОЈ

Заев: Со брза интервенција животот во тетовскиот регион ќе го вратиме во нормала

Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на поплавените во тетовско Порој. Тој рече дека денеска на втората владина седница е донесен заклучок веднаш кога комисиите ќе бидат готови со своите записници, да се одржи состанок во Владата со претседателот на Месната заедница, со дел од локалното население и општината и да се донесат сите конкретни решенија од делот на исплата и надомест на штетите, од делот на враќање на инфраструктурата повторно во нормала и во делот на план или динамика за реализација на студијата од УНДП, која што општина Тетово ја има аплицирано во Владата. 

“Денеска на втората владина седница донесовме три одлуки. Првата одлука е за формирање на комисија која до вечер треба да биде изготвена комплетно формално-правно, под ингеренции на министерот за земјоделствот, шумарство и водостпонаство за излегување на терен од утре, за да ги утврди сите штети што се настанати врз земјоделските посеви по нивите на граѓаните од Порој и целиот овој регион. Еден дел од граѓаните живеат исклучиво од тоа. Мора брзо да се утврдат штетите за да почне постапката за надомест на штети. Втората одлука е за формирање на владина комисија под ингеренција на мнистерот за транспорт и врски, генералниот секретар на Владата, центарот за управување со кризи и неколку други ресори кои се надлежни за оваа работа, тоа е Комисија за утврдување на штетите врз инфраструктурата. Тоа е речното корито, тоа се улиците, урнисаните мостови, за брз пристап на наслението и враќање на нормалниот живот кој што навистина за 50-тина куќи овде е целосна изолација до пристапот до нивните куќи. Целта е брза интервенција за да може брзо да го вратиме животот на граѓаните од овој дел на тетовскиот регион. Истовремено, третата одлука што ја донесовме – го задолживме министерот за транспорт и врски да ги земе сите документи како што е програмата на УНДП која преку општина Тетово е аплицирана до Владата, за да пристапиме кон трајно решение, како превентива за неповторување на ваквите појави што често се случуваат токму на оваа локација, во Порој”, рече Заев.

Тој додаде и дека покрај брзата интервенција за расчистување на сите овие проблеми што се појавија со дождот, паралелно ќе се отпочне и со постапка за превенирање за повеќе да не се повтори она што се случува во овој дел. 

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе