Премиерот со поддршка за предлогот на претседателот

Заев смета дека можеби местото за лидерска е кај шефот на државата

Во врска со изјавата на претседателот Стево Пендаровски дека местото за лидерска средба е кај шефот на државата, премиерот, Зоран Заев денес на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање рече дека ако и другите лидери се согласат, местото на средбата може да биде и претседателската вила на Водно. 

„На било кое место за мене е прифатлива лидерска средба.Можеби и таму ни е местото, секое прашање кое е од стратешки интерес за државата, мора да се реши. Може да сме различни, но треба да ги исполнуваме интересите на граѓаните. Ако на поканата на претседателот Пендаросвки се одзват и другите лидери, ќе прифатам и јас", одговори Заев.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе