По одлуката за пристапување кон уставните измени

Заев: Сакам да му се заблагодарам на секој пратеник за оваа историска одлука, и на храбрите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција откако Собранието ја изгласа одлуката за пристапување кон уставните измени кажа изјави дека денеска е историски ден за Македонија.

Кажа дека Македонија ќе биде дел од европското семејство, а сонот за подобар живот ќе биде исполнет. 

„Сакам да се заблагодарам на секој пратеник за оваа историска одлука, и на храбрите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои ја ставија државата пред притисоците. Со вакви одлуки луѓето стануваат херои. Надмината е една пречка и тоа е патот кон стабилна иднина“, рече Заев 

Додаде и дека е надмината пречката и изградена е државотворната коалиција, за поубава иднина на земјата, како што вели.

„Штотуку започна патот, да направиме долгиот пат да е покус. Ни претстои работа за спроведување на Договорот од Преспа. Заедно ќе работиме на простувањето и помирувањето, тоа бара посветеност и одговорност. Мора да се посветиме на неопходните реформи, правото и правната држава се наша цел. Денеска им дадовме нов, свеж старт на промените", кажа премиерот.

Заев одговарајќи на новинарски прашања, рече и дека преку институциите на Собранието и формирање на собраниски тела и групи ќе настојува до дојде до национално помирување. Не е точно тврдењето на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев дека на пратеници од опозицијата им биле нудени пари, изјави премиерот. Најави дека ќе го гони раководството на ВМРО-ДПМНЕ на суд за инсинуациите и невистините, како што ги нарече.

Премиерот додаде дека сега ги очекува многу работа и дека пораката на помирување и простување охрабрила. 

На оние кои не ја поддржа предлог одлуката, преимиерот Заев, им порача дека не ја изгубил надежта дека ќе ја преиспитаат својата одлука.

 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе