Вашингтон пост

Заев и Ципрас се миротворци, потребна им е поддршка

Од договорот што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас поентираат и двете нации. Македонија излегува од изолација и добива можност да стане членка на ЕУ и НАТО. Грција добива конечно решение на територијалните прашања и се ослободува од една периодична главоболка, пишува угледниот американски дневен весник „Вашингтон пост“ во денешната уредничка колумна.

Весникот оценува дека иако промената на името е незначително, договорот всушност прави значаен пробив во дипломатскиот ќорсокак кој беше закана за НАТО и ЕУ аспирациите на Македонија.

„Вашингтон пост“ ги нарекува Заев и Ципрас „миротворци“ и порачува дека во контекст на обременетите националистички страсти и долгата историја на разликите „новото име оди на сметка на двајцата лидери кои водеа истрајни преговори наспроти опозицијата дома и бремето на историјата“.

Додадава дека во периодот што претстои потребна е подршка за миротворците од Македонија и Грција од страна на креаторите на меѓународната политика бидејќи договорот зависи од неговата ратификација во грчкиот парламент и негово одобрување на референдум во Македонија.

„Доколку овој долго очекуван компромис стане жртва на национализмот и политичкиот комформизам, ќе настапи тажен ден за дипломатија, и изгубена шанса за што двете земји многу бргу ќе зажалат“, наведува „Вашингтон пост“.

 

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе