Влада

Заев: Гласот на младите е гласот на иднината

Свесни сме за најголемата болка на нашето општество - одливот на младите, затоа активно работиме да ја донесеме Европа дома, да обезбедиме стабилност преку НАТО, за да ја гледаат младите иднината тука и да се изградат себеси тука, порачува премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на Меѓународниот ден на младите, 12 август.

„Младите се изборија да седнат на владина маса за да ги кројат политиките кои се за нив најважни, а институциите дадоа поддршка и ги отворија ширум вратите за да продре младинскиот глас за младинската иднина и за иднината на Македонија. Денес младите се моќни, а не запоставени. Ние возрасните треба да внимаваме и да се спротивставуваме со сите сили на говорот на омраза и да дејствуваме контра политиките на поделби и конфликти кои им ја рушат иднината на младите. Тоа ни кажува за важноста на добриот збор, како и за нашата обврска да овозможиме безбеден простор и безбедна држава за младите да се развиваат и да ја градат иднината тука, во нашата земја. Од деинституционализацијата и обезбедувањето безбедни домови за најранливите, до обезбедувањето на стабилноста преку членство во НАТО – сето ова е влог кон создавањето безбеден простор за младите. На тоа сме посветени и секојдневно работиме“, порачува Заев.

Свесни сме за најголемата болка на нашето општество – одливот на младите, додава тој.

„Затоа активно работиме да ја донесеме Европа дома, да обезбедиме стабилност преку НАТО, за да ја гледаат младите иднината тука и да се изградат себеси тука. Од таму е најважно, младите да не дозволат одлуките за нивната иднина да ги носат само возрасните, оти помина времето во кое старите знаеја што е најдобро за младите. Денес младите знаат што е најдобро за нив самите, а јас го слушам нивниот глас и знам дека за нив најважна е иднината, својата и таа на државата.Честит ден на млади – мои млади! Да сте гласни критичари, будна авангарда и први предводници на убавата македонска иднина“, порачува премиерот.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе