Забраната за движење кон планинскиот превој Буково важи и за патничките моторни возила. Во таа насока, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, поставија сообраќајни контролни пунктови кај Подмолје на магистралниот пат Охрид-Кичево и кај ЕМО во близина на селото Косел на магистралниот пат Охрид-Ресен.
На овие патни правци не се дозволува движење на тешки товарни возила, а посебно напоменуваме дека забраната за движење се однесува и на патничките моторни возила. Поради тоа, а со цел избегнување на несакани последици, апелираме на исклучива нужност во користењето на патничките автомобили, а кон спомнатите патни правци и целосно почитување на важечките забрани за движење на тешките и други моторни возила и секако почитување на инструкциите и насоките на полициските службеници кои се на терен. Воедно, потсетуваме дека за сите моторни возила неопходно е носење и користење на зимската опрема, соопшти МВР.