12 ДЕН ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ И НИЗ МАКЕДОНИЈА

„За заедничка Македонија“: Разочарани сме од одлуката на Заев, продолжуваме да протестираме

Продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија". Денеска 12-ти пат по ред граѓаните од Скопје го започнаа протестниот марш од пред Влада до Собранаие. Протестни маршеви денеска има и во повеќе градови во земјава.

Организаторите изјавија дека биле разочарани поради тоа што Заев не ја отфрлил целосно платформата од Тирана, а чија цел, според нив  е редефинирање на граѓанска Македонија.

„Сакаме да градиме мултиетничка, а не бинационална држава, порачаа од иницијативата „За заедничка Македонија“, кои реагираа на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ.

Тие побараа зачувување на унитарноста на државата, да не се менува Уставот поради најавената платформа, која е потпишана во друга држава, како и целосно отфрлање на „Тиранската платформа“.

Денеска на протестите имаше и  четири трактори и еден комбајн прекриени со македонски знамиња што, како што се соопштува, значело дека и земјоделците им даваат поддршка.

­„Македонци тука сме повторно да го поздравиме претседателот на Република Македонија и да му порачаме да не подлегнува на притисоците и на манипулациите, како и на обидите овој народ да се потцени, порача од пред канцеларијата на претседателот Иванов, Богдан Илиевски,еден од организаторите на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Претходно од иницијативата изразија огромно разочарување од лидерот на СДСМ Зоран Заев поради, како што напишаа и на официјалниот нивен профил на социјалната мрежа Фејсбук за неотфрлањето на „Тиранската платформа“ чија цел била редефинирање на граѓанска Македонија.

На денешните протести организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“побараа јасно, недвосмислено и целосно отфрлање на платформата направена во Тирана. Најавија дека продолжуваат со протестите се до целосно исполнување на нивните барања и до како што изјавија вистинско и целосно отфрлање на платформата.

Протести за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва се одржаа и во скоро сите градови низ Македонија.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе