ЕКСДИРЕКТОРОТ НА БЈБ ЛОЦИРАН ПРЕКУ ТРИ БАЗНИ СТАНИЦИ

За време на „крвавиот четврток“ Чавков бил на стотина метри од Собранието

Раководителот на Оперативниот штаб на МВР за време на „крвавиот четврток“ во Собранието, Митко Чавков, кој тогаш беше и директор на Бирото за јавна безбедност, за време на насилствата бил на само стотина метри од Собранието.

Неговиот мобилен телефон бил лоциран на три базни станици, и тоа на ВМРО-ДПМНЕ, Алмако и италијанската амбасада, во триаголникот во центарот на Скопје, објави Телма.

Истрагата сега успеала да го лоцира по позицијата на неговиот мобилен телефон. Со проверка преку базните станици е откриено дека во времето на упадот и на
насилствата Чавков бил на стотина метри од Собранието.

Според информациите на Телма, Чавков одбил да даде исказ пред работната група во МВР, а на распит се уште не е повикан ниту во обвинителството со кое се уште раководи Марко Зврлевски а кој се очекува наскоро да биде разрешен.

Тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу го посочи како директен одговорен за насилството, бидејќи во критичните моменти не му се јавувал на телефон.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе