Истрагата продолжува

За случајот „Рекет“ исказ во ОЈО дадоа и градоначалниците Богоев и Петровска

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и битолската градоначалничката, Наташа Петровска дале исказ во Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Рекет" во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството велат дека во врска со овој случај и натаму се преземаат мерки за кои јавноста ќе биде известена. 

„Во интерес на истрагата, Обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави. Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија", се вели во соопштението од Обвинителството.

Од Обвинителствотото велат дека вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек, а се врши вештачење и на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е шоуменот Бојан Јовановски-Боки 13, а второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец.

Првоосомничениот го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. 

Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок. При овие средби, обвинителката Вилма Рускоска рече дека биле побарани 8 милиони евра од сведокот за да се запре кривичната постапка против него. 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе