За излез на „Богородица“ и за влез на „Табановце“ се чека до половина час

На граничниот премин „Богородица" е зголемена фреквенцијата на возила и за излез од државата попладнево се чека од 15 до 30 минути. На ГП „Табановце" за влез во државата се чека околу 30 минути, соопшти Автомотосозјуот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ информира и дека патниот правец село Истибања – брана Калиманци е затворен за сообраќај за сите категории возила и се одвива по алтернативни патишта. За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница – Бигла – Делчево, а за тешки товарни возила преку Виница – село Смојмирово – Делчево.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе