Случај „Тотал“

За денешното рочиште Латас за неговите фирми треба да донесе адвокати на кои им верува

Откако во вторникот беше одложено, за денес во судница Драган Павловиќ-Латас, обвинет во случајот „Тотал“ во судница треба да донесе адвокати кои ќе ги застапуваат неговите фирми, а на кои како што побарал и самиот од судот, тој ќе им верува. Поради немање на законски застапници кои би ги застапувале двете обвинети правни лица во овој предмет на кои сопственик и управител е Латас, судот го одложи минатото прво рочиште за денес.

На минатото рочиште судијката Софче Гаврилова-Ефремова го задолжи обвинетиот Латас и неговата одбрана да најдат адвокати за двете негови фирми, во спротивно, рече судијката, судот по службена должност ќе им определи застапници и нема да дозволи случајот да се одолговлекува и да се злоупотребуваат законски права и можности. 

Првиот предмет во кој Латас е обвинет, се води под кодното име „Тотал" и се однесува на даночно затајување. Како што информираа претходно од СЈО, постои сомневање дека фирмите „Тотал медиа центар" и „Тотал маркетинг" во рок од седум години, од 2008 до 2015 навеле лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави со цел да избегнат плаќање на данок. Како сопственик на двете фирми фигурира Драган Павловиќ-Латас. Постојат сомневања дека правните лица на овој начин ја оштетиле државата за 120.000 евра, а физичките лица за 63.000 евра.

„Во некои од правните лица немало воопшто вработени. Таквите средства ги евидентирал како основни средства, набавка и сл. Осомничениот како управител преку правните лица вршел набавки за себе. На пример, за потребите на правните лица купени се душеци во износ од над 3.000 евра, рачен часовник или мебел, персиски теписи и сл. Со овие дејствија има сомнение дека одбегнал даночни обврски." - изјави тогаш обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи.

Вториот предмет на СЈО во кој како осомничен се јавува Латас, се води под името „Тревник". Станува збор за бесправно изградени луксузни вили во Општина Зелениково. Како што информираа специјалните јавни обвинители, три вили во оваа општина биле подигнати без одобрение за градење. Почнале да се градат во 2011 година, а дозволата за градење ја добиле две години подоцна кога изградбата веќе биле завршена.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе