Министерство за труд и социјална политика

Втор ден Велигден, 29 април, неработен за сите граѓани

Вториот ден на Велигден, понеделник 29 април, е неработен ден за сите граѓани во Маакедонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството за труд и социјална политика соопштија дека согласно со Законот за празниците, 29 април, понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Претходно оттаму информираа дека согласно Законот за празниците Велики петок, 26 април, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе