„Донираните“ 80.000 евра биле под контрола на шефицата

Вработените во СЈО собирале „колективен фонд“ за прослави, а за дарови за Јанева секој давал по 2.000

Повеќе од 80.000 евра биле собрани од вработените во Специјалното јавно обвинителство во т.н. „колективен фонд“. Како што неофицијално дознаваме од наши извори, 11 вработени, односно обвинителите од СЈО, за контото на овој фонд давале по 3.000 денари, а останатите 110 вработени биле задолжени да даваат по 1.000 денари. Овие „донации“ вработените ги плаќале во период од 3 години. 

Парите според нашите извори, требало да бидат наменети за свадби, за раѓање деца, за хуманитарни цели, за болести... Но некои од вработените добиле од овие пари, а некои од нив, иако требало, како што претходно било договорено, не добиле ниту денар од нив. Собраните средства биле под контрола на Катица Јанева. 

Нашите извори сведочат дека дел од овие пари ѝ бил даден на една вработена за болест на роднина, како и на ќерка на вработена за свадба... Но немале сите подеднакво право на „колективниот фонд“. 

Освен овие пари, вработените во СЈО за родендените на тогашната шефица, Јанева, како и за годишнините од институцијата со која таа раководеше, собирале по плус 2.000 денари. За подароците на Јанева биле собирани околу 4.000 евра. 

Според наши информации, Јанева испратила писмо до СЈО со кое бара овие пари таа да ги искористи за да ја плати одбраната во случајот „Рекет“. 

Осомничената Јанева утре треба да даде исказ за овој случај, но овој пат како обвинета. Таа еднаш беше повикана во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но како сведок. 

Утре таа првпат ќе биде спроведена пред обвинителката Вилма Русковска од притвор, со полициска придружба и со лисици на рацете.

К.Д.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе