Обвинителството бара притвор

Вработена во Централен регистар со наредба од Поповски 2 и пол години земала плата, а не одела на работа

Постапка за пет лица отвори Основното јавно обвинителство Скопје. Наредбата е издадена за истрага против поранешниот в.д. директор на Централен регистар, Андреа Поповски, како и против четири други лица кои според ОЈО му помагале во сторување на кривичното дело.

Како што соопштуваат од Обвинителството, во периодот од декември, 2014 година, до мај, 2017 година првоосомничениот во својство на вршител на должноста директор на Централниот регистар, усно и наредил на една вработена да биде евидентирана како редовно присутна на работа во месечните листи кои ги изготвувало Одделението за човечки ресурси, иако бил свесен дека цело време вработената воопшто нема да доаѓа на работа, туку ќе биде ангажирана за партиски активности на една политичка партија.

Спротивно на законските акти и правилниците на Централниот регистар, таквата листа била доставувана до Одделението за финансиско-сметководствени работи и врз основа на тоа на вработената неосновано и била исплаќана плата и придонеси на плата, со што била нанесена значителна штета на буџетот на институцијата.

Останатите четворица вработени, од кои тројца од Одделението за човечки ресурси на Централниот регистар и едно одговорно лице за работењето на Регионалната регистрациона канцеларија – Скопје, се осомничени дека со умисла му помогнале на в.д. директорот во извршувањето на кривичното дело.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје ќе достави Предлог за определување мерка притвор за Поповски, додека за тројца од останатите осомничени ќе биде побарано определување мерки на претпазливост со цел да се обезбеди нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Андреа Поповски, поранешниот в.д. директор на Централниот регистар вчера попладе бил приведен од полицијата.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе