Презентација во Свети Николе

Возилата и вооружената опрема од „Одлучен удар 19“ пред граѓаните

Возила, вооружување и опрема која се употребува на заедничката воена вежба „Одлучен удар 19", на која учествуваат околу 2.700 војници од нашата армија и армиите на САД, Литванија, Албанија, Бугарија и Црна Гора, денеска ќе бидат презентирани пред граѓаните на Свети Николе.

Присутните на градскиот стадион во Свети Николе од 18:00 до 21:00 часот ќе имаат можност преку директна комуникација поблиску да се запознаат со опремата, постапките и процедурите кои ги извршуваат припадниците на армиите учеснички на оваа досега најголема воена вежба кај нас.

Воедно ќе можат да го проследат фудбалски натпревар помеѓу локалната самоуправа и екипа од припадниците на армиите кои учествуваат на вежбата, а за време на настанот над стадионот ќе има прелет од армиски хеликоптери МИ-18 и УХ-60.

Вежбата која повеќе од еден месец ќе се изведува на армискиот полигон „Криволак" има за цел зајакнување на стандардните оперативни процедури на единиците од составот на армијата, подобрување на интероперабилноста и унапредување на заемното разбирање и доверба и зајакнување на меѓусебната соработка.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе