ПУКАЊЕ ВО ЗАТВОРОТ ВО ИДРИЗОВО

Две вооружени и маскирани лица се обиделе да влезат во ќелиите на осуденичките

Две вооружени маскирани лица синојќа нешто по 21 часот пукале во воздух и се обиделе да влезат во женскиот дел во затворот во Идризово. Информацијата за МКД.мк ни ја потврди и директорот на затворот, Ќерим Махмути. Директорот демантира дека се работи за обид за бегство и вели дека состојбата во затворот е под контрола. По двете лица кои според полицијата побегнале во правец на селото Идризово, се трага. 

 

Двете лица, според пријавата на МВР се доближиле до женскиот оддел на затворот и почнале со предмети да фрлаат по прозорците. Осуденичките ги известиле чуварите кои веднаш интервенирале. Според МВР, двајцата останале глуви на наредбата од затворската полицијата да застанат и да се предадат, а чуварите во знак на предупредување испукале два куршуми во воздух.

„Точно е дека имаше пукање. Две лица од задната страна на затворот, преку нивите се обиделе да се доближат во женскиот дел на затворот. Но, чуварите веднаш интервенерале. Двете лица испукале еден куршум во воздух и никој не е повреден. По настанот двјцата побегнале. Не се работи за обид за бегство и состојбата овде во затворот е мирна“ , изјави директорот на Идризово Махмути.


Тој додава дека инцидентот е пријавен во МВР и истрагата ќе треба да покаже кој и зошто со оружје во раце се обидел да влезе во затворот и дали требало на некој осуденик или осуденичка да му се побегне во обид за бегство.

                                                                                                                       К.Д.

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе