Во Штип над 200 лица полагаа ловечки испит

Над 200 членови на ловечките здруженија  денеска полагаа ловечки испит во Штип. Николче Малинов, член на Управниот одбор на ЛЗ „Ловец“-Штип вели дека за разлика од минататите години денеска првпат ловечкиот испит се полагаше во Штип, а не во Скопје, со што оние кои сакаат да станат ловџии не се изложени на дополнителни патни трошоци.

„По подолго време Комисијата дојде во Штип, а не како порано кога членовите мораа да одат во Скопје и да полгаат електронски. Сега е малку поедноставно, благодарение на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Идните ловџии денеска покажуваат знаење и се работи во две групи. Полагањето се одвива преку целиот ден, со цел да полагаат сите 200 лица”, вели Малинов.

Тој, како што пишува МИА, истакна дека за полагање на ловечкиот испит пријавени се членови на ловечките здруженија од Штип, Радовиш, Конче, Македонска Каменица и Чешиново-Облешево.

Постоењето на три етнички јавности и една, условно речено граѓанска, која постои само во поголемите градови каде што Бошњаците се мнозинство, предизвикува длабоко поделен медиумски простор.

повеќе

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе