Директорот на „Екоцентар 97" Владо Момировски предупредува

Во ОХИС има опасен отпад кој може да предизвика хаварија на ниво на Скопје

Директорот на „Екоцентар 97" Владо Момировски кој се грижи за отстранување на опасните хемикалии од фабриката ОХИС и фирма која го чистеше опасниот материјал пред неколку дена, истакна дека во фабриката има уште 11 видови на отпад, од кои два се од опасен вид, и може да предизвика хаварија на ниво на Град Скопје. 

„Се работи за 11 видови отпад, распоредени една од друга повеќе од километар и пол. Во тие 11 видови спаѓаше хлорот и виниум хлорид. Хлорот е веќе отстранер, другите девет се спакувани и подготовени за извоз. Во процедура е дозволата која ја чекаме, и потоа ќе биде изнесена со крајна дестинација Швајцарија", рече Момировски.

Тој рече дека виниум хлоридот може да предизвика хаварија доколку не биде отстранет.

„Проблемот е со виниум хлорид за кој немаме решение. Таа мора да се отстрани при ниски температури. Ниту еден од нашите партнери од Германија или од други земји не сакаше ниту да направи увид, а не преточување на оваа опасна хемикалија. Додека не се направи увид, не можеме ништо да направиме. Има само две печки во Европа кои може да се согори. Винимум хлоридот е исчистен од Европа пред 30 години", изјави Момировски.

Тој додаде дека цистерната е 24 часа чувана со обезбедување, секојдневно ладење и мерење. Истакна дека доколку се случи хаварија со истата, тогаш може да биде со кобни последици.

„Не би сакал да помислам што би се случило при евентуален проблем со виниум хлоридот. Немало никаква контрола, особено последните години кога се растури фабриката. Би можело да има хаварија на цел град. Затоа при изнесување, нема да ја повториме грешката, и навреме ќе ја известиме јавноста за да не дојде до несакани стравови и узбуни", рече Момировски.

О2 иницијативата бара надлежните да излезат на конференција за медиуми и да одговорат на сите прашања.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе