Во Битола пристигна споменикот на Александар Турунџев

Споменикот на војводата Александар Турунџев, кој согласно програмата усвоена од Советот на општина Битола треба наскоро да биде поставен, е изработен, јави ТВ Тера. Автор на идејното решение на споменикот е Ѓорѓи Димовски, а изработката е извршена во ливница во Скопје под надзор на менторот Валентина Стевановска. На овој начин, општина Битола, дава свој мал придонес кон тоа што значи историска обврска и должност за достоинствено одбележување на делата на војводата, рече денеска градоначалникот Владимир Талески.

„Споменикот е висок 3 метри, тежок 500 кг и ќе биде поставен на постамент од 2 метри. Изработен е од бронза, во вредност од 28.000 евра”, изјави Талески.

Споменикот треба да биде поставен кај ветеринарната станица во Битола, каде што е предвидена изградба на кружен тек. Но, поради потребата за отстранување на дрвја во овој дел на градот за реализација на проектот за изградба на кружен тек, како и реакцијата по ова прашање во понеделник во општина Битола, претставници од жителите од овој дел на градот и стручни лица ќе се обидат да најдат решение за реализација на проектот за изградба на кружен тек.

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе

На денешен ден, 18 февруари 2013 година, Собранието на РМ го избра Талат Џафери за министер за одбрана.

повеќе

Народот е тој што треба да кажува дали политичарите се умни, знаат, ќе одлучи или пак ќе бара нивна смена.

повеќе