Во Берово откриена спомен-плоча на македонските бранители (ФОТО)

Љупчо Мирчовски, Димитар Двојаковски, Зоран Бубевски и Никола Пехчевски се четирите бранители кои загинаа во конфликтот во 2001 година, а чии имиња се испишани на спомен-плочата која денеска беше откриена на влезот од спортската сала „Македонски бранители“ во Берово. 

 

Спомен-плочата свечено ја откри градоначалникот на Општина Берово Драги Наџински во присуство на родители и роднини на бранителите, како и поголем број на гости.

„Чест е да се спомне нивното име, чест е да се знае нивното име зашто токму тие, нашите Македонски бранители го дадоа најскапото за Македонија. Болката за нив никогаш нема да избледи, но нивното дело никогаш нема да биде заборавено зашто сите ние сме сведоци на непокорот кој го покажаа и силата и непопустливоста за земјата по која чекореа. По светата земја Македонска“, рече градоначалникот Наџиски, нагласувајќи дека почитта кон нив останува засекогаш, а преку оваа спомен-плоча нивното дело останува вечно, а нивните имиња остануваат вечно испишани во македонската историја.

Инаку, пред бранителите свежо цвеќе положија делегација предводена од градоначалникот Наџиски и делегација од Советот на Општина Берово и делегации од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Берово и Здружението на резервни офицери.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе