Во атарот на селото Стамер, Делчевско, откриени фосилни остатоци од носорог (ВИДЕО)

Фосилни остатоци од носорог стар од 3 до 5 милиони години за првпат се откриени во праисториската масовна гробница на животни и тоа во непосредна близина на локацијата од каде пред 7 години е откопан черепот на жирафа.

До атарот на делчевското село Стамер фосилите од носорог го потврдуваат животинското богатство на пикерминската фауна на овој локалитет кој најверојатно бил мочуришен, односно со поголеми водни површини.

„Местото е влажно и одвај успеавме од влагата да ја спасиме оваа коска од носорог“, изјави м-р Билјана Гаревска од Природно- научниот музеј на Република Македонија.

И овие фосили ги откри локалниот жител Љубе Митевски, рударски инженер, вработен во Јавното комунално претпријатие „Брегалница“.

„Среќен сум што моите претпоставки за наоѓалиштето на фосилни остатоци од праисторискиот период во околината на село Стамер добија верификација од Природно-научниот музеј на Република Македонија“, изјави Љубе Митевски.

„Со ова ги завршуваме истражувањата за оваа година. Се надеваме дека догодина ќе имаме повеќе средства за работа“, вели Ивица Заркадов од Природно-научниот музеј.

Праисториската масовна гробница на животни кај делчевски Стамер стана светски позната локација по капиталното откритие на черепот на жирафа која потекнува од раниот плиоцен и е првиот череп од жирафа откопан во Европа, а денес го носи името на македонскиот палеонтолог Ристо Гаревски, кој пред 7 години ги водеше првите истражувања во Делчевско, јави ТВ Стар.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе