ВМРО-Народна: Ја подржуваме иницијативата на Заев за воведување на една изборна единица

ВМРО-Народна партија упатува целосна поддршка за конечна демократизација на изборните процеси во Македонија. Сметаме дека има доволно време и овој процес да се усвои и имплементира уште на претстојните предвремени парламентарни избори.

Ја поздравуваме иницијативата на премиерот Зоран Заев за чинот на усогласување на единствен став во парламентот во однос на промената на изборниот модел односно за воведување на една изборна единица со отворени листи и се надеваме дека во најбрз можен рок истиот ќе влезе во парламентарна процедура и биде изгласан од пратениците.

ВМРО-Народна партија предлага отворање на широк консултативен процес во форма на конференција на која ќе учествуваат сите политички партии кои се дел од Македонската политичка сцена но и претставници од меѓународната заедница.

На таа конференција би се усогласил единствен став помеѓу парламентарните и вонпарламентарните политички партии воедно и претставниците од меѓународната заедница би споделиле искуства од државите кои ги претставуваат.

ВМРО-Народна партија и по осум години од моментот кога за прв пат предложивме промена на изборниот модел останува на ставот дека со ваквиот пристап не само што ќе се додемократизира и зајакне плурализмот во Македонија, туку и ќе се зајакне еднаков пристап кон сите партиско-политички субјекти со еднаква тежина на било чиј глас од градовите и селата во државата.

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе