ВМРО-ДПМНЕ: Власта им се заканува на вработените од државната администрација кои не гласале

СДСМ ги реализира заканите кои пред референдумот ги упатуваше кон администрацијата, закани за губење на работни места, санкции и казни за сите оние кои не го дадоа својот глас за капитулантското дело на Зоран Заев. Во јавноста сѐ почесто сме сведоци на дисциплински постапки и бракање од работа на вработени во јавната администрација само поради тоа што тие одлучиле да апстинираат на денот на референдумот и да не одговорат на манипулативното прашање кое им го наметна власта, се веливо соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ воспоставува тоталитарен режим во државата. Режим чија главна одлика е прогонот на политичките неистомисленици  и противници на Зоран Заев. Откако на референдумот власта доживеа вистински дебакл, наместо да ја послуша волјата на граѓаните се реши да се одмаздува на оние кои не дадоа поддршка за капитулантскиот договор од Преспа.

Административните службеници се казнувани неосновано и спротивно  на Законот, спротивно на сите демократски права и начела. Правото на глас е едно од основните западни вредности и тоа мора да биде почитувано“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе