ВМРО-ДПМНЕ: Дали хематологија е приватна клиника на веледрогеријата „Д-р Пановски“?

Не стивнува аферата по која и ОЈО започна постапка, за крвавите тендери и за можен организиран криминал за набавките во четири очи од 400.000 евра, а веќе во јавноста пламнува нова афера за три тендери тешки повеќе од 3 милиони евра префрлени од Клиниката за хематологија на веледрогеријата „Д-р Пановски“, рече Наум Стоилковски, портапарол на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Дали тоа што директорката на клиниката, Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата и добитник на тендерот, не е злоупотреба на службена положба и корупциски скандал, тогаш власта да ѝ објасни на јавноста за што станува збор? Ова е директен судир на интереси на штета на буџетот. Ќерката директор на клиниката овозможува тендери за компанијата на татка си, и тоа во три наврати во период од септември лани до мај годинава. На сајтот на Бирото за јавни набавки се прикажани сите три договори меѓу Клиниката за хематологија и веледрогерија „Д-р Пановски“, но, како јавија и медиумите, документите за две од трите постапки ги нема, а на достапниот договор наместо ќерката-директор, потпишани се овластени потписници”, рече Стоилковски.

Тој додава дека министерот Филипче залудно се крие од одговорност, кога самиот тој ја поставил ќерката на Пановски за директор, иако уште тогаш во јавноста се говореше за конфликт на интереси заради врската меѓу министерот со директорката на клиниката за хематологија.

,,Колку што му е на Заев за судските реформатор, а на Анѓушев за иновациите, толку му е на Венко Филипче до јавното здравство! Никој во власта не мисли на скандалот „Крвави тендери“ тежок 35 милиони евра, ниту набавките тешки 400.000 евра за кои испитува ОЈО. Веројатно незаменливоста и наводните правосудни реформи ќе го сторат своето. Во меѓувреме секојдневно го исцицува македонското здравство сомнително префрлајќи пари на сметки на неговата љубена и нејзината компанија. Притоа пак, таа ужива во пренесената неказнивост и незаменливост и без проблем управува со една од универзитетските клиники, набавувајќи лекови од семејната компанија, со огромна можност за нови злоупотреби! Заев и Филипче мора да одговорат дали Клиниката за хематологија се претвора во приватна клиника на Пановски?”, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе