Реформи во МПЦ

Владиката Агатангел воведе нов арач, за фотографирање пред или во црква 500 или 1.500 денари

Фото студијата што се занимаваат со фотографирање на венчавки, веридби, крштевки... повикуваат на бојкот на црквите од Повардарската епархија, а владиката Агатангел им одговара дека ќе распише тендер за тоа кој ќе има право да фотографира по црквите.

Од пред неколку месеци по црквите во Повардарската епархија фотографите се обврзани да платат некоја нова давачка за сликање и снимање - 500 денари за фотографиите пред црквата и 1.500 денари за сликање и снимање во црквата. Тоа веќе се спроведува во Велес... Сите фото студија од овој крај ја потврдуваат оваа информација и велат дека имале и средба со владиката Агатангел на оваа тема, но без успех. Еден од сопствениците на фото студијата од Повардарието вели дека владиката им рекол оти во сите цркви ќе мораат да плаќаат по 500 денари доколку сакаат да фотографираат, „така сакал Господ“.

Фото: Ване Михајловски

Во спротивно, рекол Агатангел, црквата ќе распишела тендер за фотографирање во црква и само едно студио ќе го има ексклузивното право да ги фотографира крштевките и венчавките во Повардарската епархија.

Фотографите сега предлагаат бојкот од сите граѓани на црковните крштевки и венчавки.

Според тарифникот на епархијата, за крштевка се плаќа 3.000 денари, за венчавка со еден свештеник се плаќа 3.500 денари, а за присуство на тројца свештеници 5.000 денари. Сега има и нова тарифа - 500 или 1.500 денари за фотографирање.

Еве еден пост на Фејсбук од еден од фотографите: „Пред три недели во Радовиш во црквата  тој што е одговорен за наплата, клисарот, уште да ги натепаше младите. Морало да платат одма оти нема да ги венчале. Сѐ е во ред, само начинот на кој го кажа тоа беше дрзок и арогантен, дури им се дереше на луѓето. Од после венчавката го повикав на страна и му велам дека не е тој начинот, сепак црква е ова, не кафана. И тој почна да се заканува, дека нема да не пуштат внатре, ќе не падел, ќе ни фрлел опремата...“.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе