Владата ќе им помогне на Македонски железници со 70 милиони денари

Владата на последната седница донела одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво, директна помош за оперативното работење на „Македонски железници", соопшти Министерство за транспорт и врски.

Со одлуката, како што се наведува во соопштението, се овозможува да се подобри состојбата која изминатиот период се случува во „МЖ Транспорт“ и да се помогне во деблокада на целокупниот железнички систем во земјата.

„Според законските прописи, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот“, стои во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Оттаму апелираат до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието.

„Во случај на продолжување на протестот на дел од вработените, ќе се доведе во прашање исплатата на плати за сите вработени во „Македонски желзници“, а со тоа и на целокупното работење на претпријатието и само на штета на претпријатието“,се додава во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Поради штрајкот на вработените во „Македонски железници“, кои бараат целосна исплата на платата за јануари, железничкиот сообраќај во Македонија петти ден е во целосен прекин.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе