Владата го усвои предлог законот за финансиска поддршка за изградба на автопатот Скопје-Блаце

На денешната седница Владата го утврди текстот на предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на ТЕН-Т проектот за автопат од Скопје до границата со Косово, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното претпријатие за државни патишта.

Целта на овој предлог-закон за гаранција е да се обезбеди финансиската поддршка за проектот, односно изградба на втората подделница која се однесува на останатиот дел од автопатот Блаце – Скопје, во должина од околу 10,5 км со што, значително ќе се подобри мобилноста и трговската размена, ќе се подобри безбедноста на патот и ќе се скрати времето на патување, ќе се зголемат можностите за социо–економски развој, како на национално, така и на регионално ниво.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе