Судот го прифати предлогот на ОЈО за уште четворица

За обидот за убиство на Села во притвор вкупно десет лица

Мерка притвор од 30 дена е определена за уште четири лица кои Основното јавно обвинителство ги сомничи за соизвршителство во обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села. Судија на претходна постапка го прифатил предлогот на надлежен јавен обвинител и определил мерка притвор за трите лица за кои МВР претходно објави фотографии и побара помош од граѓаните за нивно препознавање, како и за едниот осомничен кој беше приведен претходно, а одлуката за определување на мерка притвор беше одложена поради влошена здравствена состојба.

Бројката на приведени за нападот на Села во моментов е десет лица од кои двајца се осомничени за убиство во обид, а осуммина за соизвршителство во обид за убиство.

Во притвор од вчера се Оливер Ошавковски, Сашо Сенков и Николче Димитриевски, како и Александар Јаневски- Тошта. Претходно Основното јавно обвинителство побара, а судија на претходна постапка го прифати предлогот и определи мерка притвор за четири лица, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павлески – Кобра.

Во мај годинава за нападот на Села први беа уапсени  Кире Ѓоргиевски и неговиот татко за кои беше утврдено дека во салата 3, каде се одржувала прес-конференција, Ц.Ѓ. најпрвин фрлил стол, а К.Ѓ. фрлал разни предмети кон присутните пратеници, по што двајцата заедно физички го нападнале и го влечеле пратеникот Зијадин Села.

Пратеникот Зијадин Села беше тешко повреден и заврши во болница во критична состојба во нападите кои се случија на 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

 

 

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе