Влада

Виктор Димовски нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Виктор Димовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, соопшти денеска владината прес-служба. Одлуката за назначување на Виктор Димовски на оваа функција е донесена на редовната 139. владина седница.

Виктор Димовски од 2017 година беше државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој е доктор на политички науки и дипломат од кариера со повеќе од дваесет години дипломатско искуство. Во изминатиот период бил вонреден и ополномоштен амбасадор на нашат земја во Србија и Црна Гора, како и во државата Израел.

Извршувал и други одговорни должности во Министерството, како помошник министер, државен советник и специјален советник. Бил Национален координатор на нашата земја во повеќе регионални иницијативи, претседавач на Комитетот на политичките директори на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и претседател на македонскиот дел на Државната комисија за утврдување на границата со СР Југославија. Во периодот од 2007 до 2009 година Димовски бил директор на Агенцијата за разузнавање.

 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе