На 25 март

Викендов почнува летно сметање на времето

Викендов почнува летно сметање на времето. Часовниците ноќта в сабота кон недела одат еден час нанапред, па така, во два часот по полноќ поместете ги стрелките на три.

На 60. седница на Владата на Република Македонија, одржана на 20 март Владата ја донесе Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето за 2018 година.

„Според одлуката, летното сметање на времето во 2018 година започнува на 25 март во 02h 00min 00s така што со поместување за еден час нанапред времето во 02h 00min 00s се смета како 03h 00min 00s.

Летното сметање на времето во 2018 година завршува на 28 октомври во 03h  00min 00s, така што со поместување за еден час наназад времето во 03h 00min 00s се смета како 02h 00min 00s“, соопштија  денес од Министерството за економија.

Донесувањето на оваа одлука, велат оттаму,  придонесува кон следење на долгорочната економска политика на Република Македонија за асоцирање кон Европската Унија, како и водење сметка за непречено функционирање на одредени сектори не само за транспорт и врски туку и други сектори од индустријата кои бараат стабилно и долгорочно планирање.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе