Велосипедски трки во општина Илинден, посебен режим на сообраќај

По повод денот на општина Илинден, денеска во периодот од од 15:30 до 19:30 часот ќе се одржи велосипедска трка, поради што ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.

Од 15:30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев" во населбата Илинден, потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9", улица „8" до спортска сала „Гоце Делчев".

Трасата, пак, на велосипедска трка за професионалци што е закажана за 16:00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев". Се очекува трката да заврши до 19:30 часот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите на кои ќе се движат натпреварувачите.

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе

Литературните дејци отсекогаш биле предвесници на некое ново време. Немале натприродна моќ да ја предвидат иднината.

повеќе

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе