нема кој да се грижи за подмладување на рибниот фонд

Велешкото езеро „Младост“ една година без концесионер

Речиси една година, или од август 2018, велешкото езеро „Младост" е без концесионер, а откако му заврши петгодишната концесија на последниот концесионер ЗСР„Бабуна" од Велес. Немањето концесионер значи дека нема кој да се грижи за подмладување на рибниот фонд на езерото со годишно порибување, но и нема кој да врши заштита на целокупната флора и фауна од загадување и уништување.

Во отсуство на концесионер, полицијата секојдневно врши по две засилени контроли и при тоа ги опоменува спортските и рекреативни риболовци дека не е дозволен риболов,а од друга страна рибократците со мрежи ги санкционира.
Како што потенцира за МИА, Лазар Лазаревски од ЗСР „Бабуна", крајно време е МЗШВ да распише конкурс и да избере нов концесионер. Потоа новоизбраниот концесионер согласно законот во наредните пет години ќе може да стапанисува со рибниот фонд и да ќе се грижи за целокупната флора и фауна и да ја заштитува од уништување и еколошки загадување.

Лазаровски потенцира дека многу се доцни со конкурсот, а кој по правило треба да биде распишан кон крајот на календарската и почетокот на новата година.

„Ако сега се распише, концесионерот ќе се избере дури во септември со што наместо 12, остануваат само три – четири месеци за концесионерот за оваа тековна година. Тоа ќе значи и само три- четири месеци риболов на езерото за спортските и рекреативни риболовции кои се со годишна чланарина за Ревир Вардар 4, а во кој покрај риболов за реките во Велешко, редовно се опфаќа и езерото „Младост", појаснува Лазаревски.

Тој потенцира дека поради доцнењето со избор на концесионер, ќе се јави и проблем колкави да бидат давачките на концесионерот, а кои тој ќе мора да ги плати кон МЗШВ и Риболовната Федерација на Македонија.

Од ЗСР „Бабуна" појаснуваат дека една од обврските на концесионерот кој ќе стопанисува со целокупниот рибен фонд на езерото, е да врши и годишно порибување на езерото.

Инаку, ЗСР „Бабуна" годишно порибуваше по 500 килограми или во изминатите пет години тие го порибија велешкото езерото „Младост" со пет и пол тони крап.
Езерото „Младост" поради богатиот фонд на риба е многу интересно за риболовците не само од Велес, туку и од Скопје и други градови, а на него секоја година се одржуваат домашни и меѓународни натпревари во спортски риболов.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе