УНЕСКО ГО ПРОМОВИРА МАКЕДОНСКИОТ ФОЛКЛОР

Василка Димитровска: По Четрсе и Копачка, на ред се и мартинките

Бенефитот од УНЕСКО е пред сè во промоцијата на нашиот богат фолклор пред светот, како и зачувување на културните вредности во различни региони на Македонија, вели Василка Димитровска, претседателка на ХАЕМУС, центар за научно истражување и промоција на културата.

Според неа, голема чест е што Република Македонија по вторпат со автентичното оро Копачка се впишува на листата на нематеријално наследство во УНЕСКО.

Василка Димитровска „За првпат на оваа листа се впишавме во 2013 година со обичајот Четрсе. Треба да се напомене дека Македонија исто така е вклучена во уште една тековна мултинационална апликација на УНЕСКО, во која свој придонес дава и УНЕСКО клубот ХАЕМУС. Се однесува на мартинките и целта е тие да се прогласат за светско нематеријално културно наследство“, вели во изјавата за МКД.МК Василка Димитровска. 

 

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе

Оние кои што најмногу сакаат карикатури засновани на црн хумор, имале највисоки мерки на вербалните и невербалните тестови на интелигенција, односно потребна е извесна интелигенција, добро расположение и смиреност да се препознае и ужива во црниот хумор, покажуваат истражувањата.

повеќе

Засега нема причина за паника, но треба внимателно да му пристапиме на наративот дека омикрон предизвикува лесна форма на КОВИД-19 која побрзо ќе доведе до крај на пандемијата.

повеќе