Според неа, голема чест е што Република Македонија по вторпат со автентичното оро Копачка се впишува на листата на нематеријално наследство во УНЕСКО.
Василка Димитровска
„За првпат на оваа листа се впишавме во 2013 година со обичајот Четрсе. Треба да се напомене дека Македонија исто така е вклучена во уште една тековна мултинационална апликација на УНЕСКО, во која свој придонес дава и УНЕСКО клубот ХАЕМУС. Се однесува на мартинките и целта е тие да се прогласат за светско нематеријално културно наследство“, вели во изјавата за МКД.МК Василка Димитровска.