Македонската партија во Албанија

Васил Стерјовски нов лидер на МАЕИ

Нов лидер на единствената македонска партија во Албанија,Македонска алијанса за европска иднина, МАЕИ, од денеска е Васил Стерјовски, објави МИА.

Едногласна одлука за тоа донесоа делегатите на третиот Конгрес на партијата одржан во просториите на Националниот историски музеј во Тирана.

37-годишниот докторант на Институтот за национална историја во Скопје до сега ја извршуваше функцијата генерален секретар на партијата. Тој е прв пратеник во албанскиот Парламент од македонската партија и прв пратеник кој јавно се декларира како Македонец.

Заблагодарувајќи се на дадената доверба, Стерјовски рече дека функцијата претседател на Македонска алијанса за европска интеграција ја смета за одговорна функција која бара многу напор.

„Македонска алијанса за европска интеграција во моментот е во многу лоша состојба. Комитетите не ни фукционираат, немаме ниту една канцеларија. Македонската партија мора да има главна канцеларија во Тирана, и најмалку три канцелари во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора.

Не сакам да навлегувам зошто сме дојдени до оваа ситуација. Сите што сме биле дел од структурите на Македонската партија, кој повеќе, кој помалку, имаме дел од вината што сме во оваа ситуација”, рече Стерјовски.

Тој упати апел до сите активисти на Македонска алијанса за европска интеграција дека е време за обединување.

„Да ги оставиме зад нас кавгите и недоразбирањата. Интересите на Македонците во Албанија бараат да бидеме обединети. На Македонците во Албанија им треба силна Македонска партија.  Апелирам до сите Македонци кои членуваат во албански партии да се вклучаат во редовите на Македонска алијанса за европска интеграција. За сите има место!

После Конгресот не чека потешката работа. Треба партијата да ја консолидираме, да формираме комитети во цела Албанија каде што има Македонци. Сето ова не можеме да го постигнеме ако сме разединети. Јас како претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, ви гарантирам дека ќе работам транспарентно и тимски, ќе го почитувам мислењето на секој член, одлуките на Македонска алијанса за европска интеграција ќе ги носиме консензуално. Ниту еден активист на Македонска алијанса за европска интеграција нема да биде заборавен или отфрлен. Партијата ќе ја отворам за младите. Ќе формираме структури на ветараните, жените и младите. МАЕИ мора да биде место за сите нас”,порача меѓу другото Стерјовски.

Делегатите на Конгрсот кои ги имаше од сите делови на Албанија каде што живеат Македонци досегашниот лидер Едмонд Темелко го избраа за почесен претседател на партијата. Беше избран Централен комитет кој набрзо на првата седница треба да избере потпретседатели и генерален секретар на партијата.

На Конгресот беше усвоена Резолуција за унапредување на положбата,правата и слободите на Македонците во Република Албнија.

МИА

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе