По претресот на истражителите и обвинителите на СЈО

Вангеловски во Гевгелија: Кој ја потпишал наредбата за претрес на Панчевски?

Претседателката на гевгелискиот суд денеска била изненадена од ненадејната посета на претседателот на Врховниот суд и на претседателот на Судскиот совет. Јово Вангеловски и Зоран Караџоски од Злата Попова бараат да им каже кој и зошто ја потпишал наредбата за претрес на Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Барањето за претрес било добиено од Специјалното јавно обвинителство. 

Од Службата за односи со јавност во Врховниот суд денес добивме одговор дека не знаат дали претседателот е на работа. Од таму во телефонски разговор ни беше одговорено дека цел ден не можеле да стапат во контакт со претседателот Вангеловски и поради тие причини официјален одговор за тоа дали и зошто тој е во посета на гевгелискиот суд, не можеме да добиеме.

Мобилниот телефон на Вангеловски беше недостапен. Претседателот на Врховниот суд, како што ни потврдуваат нашите извори, се наоѓа во ненајавена посета на судот во Гевгелија.

Минатата недела, со наредба за претрес од гевгелискиот суд, обвинители и истражители на СЈО извршиле претрес во канцеларијата и домот на Владимир Панчевски. Специјалното јавно обвинителство тогаш објасни дека нема ништо чудно во тоа непристрасен суд да даде налог за претрес во друг град, а и поради опасноста да се наруши тајната на предистражната постапка.

Непoзнато е која е законската надлежност Вангеловски и Караџовски да вршат проверка на налог за претрес.

Претресот во домот и канцеларијата на Панчевски беше извршен врз основа на сомневања за злоупотреба на АКМИС системот за распределба на предметите во судот. И комисија на Министерството за правда работи на истиот случај.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе