Братот и сестрата се во добра здравствена состојба

Децата што беа заклучени во автомобил биле донесени кај лекарите валкани и уплашени

Во валкани алишта, уплашени и дехидрирани двете деца на возраст од 4 и 7 години од заклучениот автомобил биле донесени на Клиниката за детски болести во Скопје. Лекарката која ги примила и ги прегледала малолетните брат и сестра во изјава за медиумите посочи дека децата се во добра здравствена состојба и дека се планира тие денес да бидат пуштени дома.

„Во 23 часот во придружба на возило на Итна медицинска помош и полицајци, донесени се две деца, машко 4 и женско 7. Беа уплашени, лесно дехидрирани и со стабилни параметри. Лабораториските анализи се со уредни вредности и децата се во добра општа состојба. Денес се планира нивно пуштање", изјави лекарката.

Таа дополни дека децата биле донесени во валкани алишта, но детали околу тоа што претходно се случувало не можеше да каже. По приемот во болница веднаш пристигнала и мајката која и цела ноќ, а и денес била покрај децата.

„Не знаеме колку време биле во автомобил. Кога беа донесени овде беа лесно дехидрирани. Траги на насилство нема на телото на децата", дополни лекарката од Клиниката за детски болести.

Според неа основна причина за фатален исход при затварање на деца во автомобил е претопленост , односно поголем престој во затворен простор на висока температура.

Двете дечиња вчера беа најдени во автомобил заклучени, а случајот во МВР го пријавија минувачи. По пријавата беа најдени и родителите на децата, а за случајот е известен и јавен обвинител . 

Истрагата ќе треба да утврди зошто децата биле оставени сами и заклучени во автомобилот. 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе