На армискиот полигон Криволак

В понеделник почнува воената вежба „Македонски блесок 14"

Воената вежба „Македонски блесок 4" ќе се одржи од 15 до 20 октомври на армискиот полигон Криволак. Целта на вежбата е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ - декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.

Во рамки на „Македонски блесок 14" ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена Маневарска Болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.

На вежбата „Македонски блесок 14" треба да се изврши НАТО преоценување на „ниво 2" на декларираната чета на Воената полиција, како и за првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.

Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, и како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.

Во 2015 година, единицата ја потврди оспособеноста за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот, а на оваа вежба ќе се стреми да ја потврди борбената готовност и со тоа по вторпат да го покаже професионализмот, што е неодвоив дел од функционирањето на единицата, појаснуваат армиски претставници.

Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок 14" на Криволак на 18 октомври ќе се реализира Отворен ден, додека на 19-ти ќе има Ден за високи гости, на кој ќе бидат присутни високи национални воено-политички претставници.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе