сабота, 20 април 2024

Утрово најстудено во Лазарополе, најмногу дожд наврна во Маврови Анови

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира УХМР, до 08:30 часот температурата била еден степен во Берово и Маврови Анови, 2 во Крива Паланка, 3 во Крушево, 4 во Скопје-Петровец, Тетово, Охрид, Куманово и Дебар, 5 во Прилеп, Струмица, Штип, Виница и Претор, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Битола и Демир Капија, како и 9 во Дојран.

До 8 часот утрово водниот талог е 10 литри на метар квадратен во Лазарополе, 8 во Виница и Крива Паланка, 5 во Дебар и на Попова Шапка, 4 во Берово, Охрид и Крушево, 3 во Струмица, како и 2 во Пожаране.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во западните делови ќе има повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен слаб дожд и услови за ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне 17 степени. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ