Собрание

Утре собраниската Комисија за европски прашања ќе расправа за Законот за јазиците

Собраниската Комисија за европски прашања утре во 11 часот ќе одржи седница на која ќе се расправа за предлог Законот за употреба на јазиците.

Законот за јазици, со кој се официјализира албанскиот јазик на целата територија и на сите нивоа, од понеделник влегува во втората финална фаза за негово донесување. Претседателот на комисијата Артан Груби за утре ја закажа седницата за амандманска расправа по законот.

На 20 ноември еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје изјави дека овој закон не е приоритет за европската агенда на Македонија.„Законот за јазиците не е дел од она што е договорено во контекст на условите што се релевантни за добивање позитивна препорака. Сега е важно да се работи на она што треба итно да се сработи, а ако може и законот за јазиците, во ред. Приоритетите се дефинираат според националните интереси“, рече Хан на заедничката прес конференција со премиерот Зоран Заев.

Груби очекува расправата да заврши до 13 декември.

„Се исполнија условите, почна усвојувањето на приоритетните закони, изборот на јавниот обивнител е на пленарна седница. Очекувам амандманската расправа да трае три дена и на 13 декември да заврши, а потоа и на пленарна седница. Со ова ќе се заокружи примената на Охридскиот рамковен договор“, изјави неодамна Груби.

Законот за јазици уште во август влезе во собраниска процедура на предлог на Владата како дел од законите за евроинтеграција на Македонија, со европско знаменце.

За ВМРО-ДПМНЕ овој предлог закон е противуставен, се воведува двојазичност, а злоупотребено е и европското знаменце. Досега се поднесени 84 амандмани со кои главно се брише двојазичноста, а се унапредува примената на сите јазици на немнозинските етнички заедници. Четири амандмани се поднесени и од СДСМ.  

Се очекува утре пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да не учествуваат на амандманската расправа.

Во ДУИ очекуваат законот да пројде без никакви измени во текстот.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе